еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Нови правила за готовинска исплата на пензиите

На последната седница Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките д обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.

– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари.

– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Штериева: Се бара начин како да се исплатат пензиите без одење по шалтери

Владата ги продолжи роковите за барања на правото за остварување на пензиско и инвалидско осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска започна исплатата на октомвриските пензии, еве го распоредот

Редакција

Приходите повисоки за 6,6 милиони: Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

Редакција

(Видео) Владата предлага закон за отпис на каматите и репрограмирање на долговите на граѓаните дадени на извршување

Редакција