еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 812 пациенти со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 87 пациенти, а вкупно се лекуваaт 686

Редакција

Расправата за реконструкција на Владата продолжува утре

Редакција

Катица Јанева: На 30. септември нема да правам ајвар, ќе гласам на референдумот

Редакција