еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: Пожари во Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко

Активни и со јак интензитет се пожарите во повеќето региони во државата.

Во штипскиот регион пожарот зафатил и три куќи, а затворен за сообраќај беше и патниот правец Делчево – Пехчево.

Во Делчево поради сериозната состојба се апелира и за рационално користење на водата. Интервенираат пожарникарите, припадниците на Армијата, а пристигната е и специјална екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе.

Согласно состојба со пожарите до 8 часот, во штипски регион уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, маало Пасјак, и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот го зафатич маалото Балабанци, при што зафатил и три куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала, каде досега изгореа три плевни.

Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево бил затворен за сообраќај.

Со пожарот е зафатена површина од околу 900 Ха со борова шума и нискостеблести растенија.

Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот.

Интервенираат 200 припадника на АРСМ, 25 вработени во ШС Голак – Делчево со четири теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, две цистерни и едно теренско возило, пет припадника на Гранична полиција со пет теренски возила, три припадника на ПС Делчево со едно теренско возило, ЈПКД Брегалница со 10 вработени со две ровокапачи, теренско возило со еден тон вода и еден џип; РЦУК Делчево со еден вработен, ТППЕ Македонска Каменица со четири пожарникари со едно теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и едно комби; 25 пожарникари, три ППВ цистерни и две санитарни возила од Р. Бугарија и волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

Во гаснењето на пожарот ангажирани биле и четири хеликоптери. Пожарот е се уште активен и бргу се шири во правец кон маалото Пасјак и кон селото Трабовиште и се има префрлено на територијата на општина Пехчево.

Екипа на ЕВН ја прекинала испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода.

Поради сериозната состојба со пожарите во околината на Делчево и потребата од континуирано снабдување на ППЕ со вода се апелира за рационално користење на водата. Поради тоа што има прекин на електричната енергија не се врши хлорирање на водата и истата не е исправна за пиење и може да се користи само како техничка вода. Поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се локализира од ТППЕ Делчево и припадници на Армијата се оставени дежурни екипи. Од раните утрински часови повторно ќе се интервенира.

На територијата на општина Пехчево, кај Бајаз Тепе пожарот е се уште активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик.

Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово – Делчево и се движи накај с.Црник. На терен интервенираат 100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, 25 пожарникари со три ПП возила од Р. Бугарија, екипа на ШС Равна Река со 30 вработени, две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, екипа на ШС „Малешево“ со 15 вработени, две теренски возила со цистерни и две теренски возила за превоз, ТППЕ Берово со 7 пожарникари и три ПП возила, едно ПП возило и двајца пожарникари од Скопје, 1 ПП возило и 2 пожарникари од Штип, едно ПП возило и 2 пожарникари од Струмица, ДЗС со едно теренско возило со цистерна и четири вработени, РЦУК Берово со еден вработен, екипа на ЕВН со шест теренски возила за превоз и 60 луѓе од месното население.

Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање.

Пристигната е и Специјалната ПП екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе и истата е распоредени во атарот на селата Црник и Негрево. Опожарен е и еден објект за чување стока и колиба во селото Црник но на истата локација пожарот е ставен под контрола.

Во општина Свети Николе, околу 16:15 часот избувнал пожар на Богословски рид, каде гори сува трева и нискостеблеста шума а изгореле и неколку напуштени куќи. Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари со две ПП возила и две ПП возила од ДППД Свети Николе. Пожарот околу 18:30 се прошири накај селото Добришани во општина Штип и во гаснењето на пожарот се приклучиле и 13 пожарникари со три ПП и едно теренско возило од ТППЕ Штип.

Бидејки пожарот се приближил кон воените магацини во близина на селото Криви Дол по барање на ОЦ на ГШ вклучена е и цистерна со вода и багер за правење на пресек за спречување на приближување на пожарот кон магацините. На овој крак од пожарот од страна на АРСМ ќе бидаат вклучени околу 20 војници и две цистерни а од страна на ТППЕ Штип биле пренасочени три ПП возила со 27 пожарникари. Во гаснењето на пожарот учествуваат и ЈП „Исар“ со две цистерни и една градежна машина – скип, ЕЛС Лозово со една цистерна, ДПД Свети Николе со една цистерна и осум полицајци.

За превоз на лица за гаснење на пожарот вклучено е и едно теренско возило од РЦУК Штип со еден вработен.

Во струмички регион, пожарот кај м.в.Погана на теренот према селата Балинци и Брајковци е локализиран.

Се уште е активен но е под контрола на теренот спрема Богданци.

Зафатена е површина од околу 1300 Ха нискостеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен). Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Валандово со две ПП возила и седум пожарникари, ШС „Саланџак“ Валандово со 14 вработени, ПО ДЗС Валандово со 7 вработени, АРСМ со 30 војници, ЕВН Битола со седум вработени, едно теренско возило и една цистерна и здружение од Битола со девет припадника и два трактора (за пренос на храна и вода за учесниците во пожарот) и 13 вработени во ШС „Кожув“ Гевгелија.

Во скопски регион, моментално најсериозна ситуација има на пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ.

Истиот бил пријавен и од страна на ЕЛС Желино како шумски пожар на високо непристапен терен во реонот на с.Рајовиќ на страната на општина Сарај и за истиот од нивна страна биле известени ШС Лешница – Тетово и ПС Групчин.

На пожарот од страна на БППЗ на град Скопје се упатиле околу 16:15 часот, и било утврдено дека гори сува трева и ниска и мешана шума на поголема неутврдена површина.

Побарано е и помош од војници на АРСМ.

Околу 20:00 часот, од БППЗ на град Скопје добиено е известување дека поради ветер пожарот неконтролирано се шири кон Јасен. Стапено е во контакт со одговорното лице од ШС Јасен кој е запознаен со состојбата и има свои луѓе на терен.

Околу 22:10 часот во контакт со одговорното лице од ШС Караџица, добиено е известување дека на лице место на пожарот имале нивни екипи, МВР, и вработени од локалната самоуправа како и екипи од БППЗ на град Скопје.

Пожарот е на многу непристапно место и станува збор за ниска деградирана шума. Има силен ветар кој го насочува кон Јасен.

Околу 23:00 часот од БППЗ на град Скопје информирале дека на пожарот ќе дежураат 5 пожарникари со 2 ПП возила.

Утрово околу 06:00 часот екипите на БППЗ на град Скопје се на терен, и ситуацијата се следи. Од ШС Караџица известиле дека нивните екипи ќе се мобилизираат околу 07:30 часот и ќе заминат на локацијата на пожарот.

БППЗ на град Скопје известуваат дека пожарот во с.Горно Блаце каде на неутврдена површина е зафатена сува трева и ниско стеблеста шума, гори со намален интензите и се очекува негово локализирање.

Во битолски регион, во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица е активен со јак интензитет.

Од селото Ракле евакуирани се две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во Ракле останати се уште пет лица, а интервенираат седум пожарникари од ТППЕ Прилеп и десет лица од месно население. Околу 19:45 часот добиена е информација дека пожарот го префрлил регионалниот пат Прилеп – Градско и се шири кон с.Радобил.

Пожар на потегот кај селата Дрен – Смолани во општина Прилеп, во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет.

На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат три пожарникари на ТППЕ Прилеп и две лица од месно население, како и седум вработени од ШС Црн Бор Прилеп.

Во охридски регион, во 20:15 часот избувнал шумски пожар на непристапен терен помеѓу селата Косел и Расино. Гори сува трева и мешана шума. Во реон на пожарот биле упатени 1 ПП возило со четири пожарникари од ТППЕ Охрид и шест вработени со две теренски возила од ШС „Галичица“. Поради непристапност и намалената видливост екипите се повлечени од терен а останата е дежурна екипа на ШС Галичица. Со интервенција ќе се отпочне денес во утринските часови.

Во тетовски регион, ЈП Македонски шуми Шар Гостивар во текот на вчерашниот ден имале интервенции за гасење на шумски пожари во селата Печково, Пожаране и Куново – Маврово. На пожарот во селото Печково заедно со екипи на ТППЕ Гостивар е интервенирано во неколку наврати додека во попладневните часови екипа на вработени е повторно упатена на пожарот кај Пожаране кој бил локализиран, но истиот повторно се разгорел. Засега активен останува само пожарот кај Пожаране и на истиот во текот на денешниот ден ќе интервенира ЈП Македонски шуми Шар Гостивар, додека пожарот кај селото Куново е локализиран.

Во кумановски регион, во општина Ранковце – Крива Паланка, од страна на ЕЛС Ранковце, доставено е барање за употреба на хеликоптер и војска за гаснење на пожар на територијата кај селото Гулинци кое е отсечено од пат.

Според барањето пожарот претставува опасност да се прошири во останатите села како Пклиште, Отошница и Станча во општина Ранковце и Дренок, Осиче и Дејлповце од општина Старо Нагоричане кои исто така се отсечени од пристапни патишта од кај страната на општина Ранковце. Во 19:00 часот од ТППЕ Ранковце известиле дека нивна екипа е излезена на терен да интервнира на пожарот во с.Гулинци.

Во велешки регион, во општина Кавадарци од 14:10 часот е пријавен пожар во шума на м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден. Гори мешана нискостеблеста шума од даб и јасен. Интервенираат ТППЕ Кавадарци со 4 пожарникари и 1 ПП возило, ШС „Бор“ Кавадарци со пет вработени и едно возило и Еуро Никел со седум вработени и две возила. Теренот е каменит и непристапен и дува силен ветер.

Изгорена површина до пристигнување на екипите е околу 10 до 15 декари. За пожарот биле известени лицата за контакт од општините Кавадарци и Росоман, ОВР Кавадарци, Регионален центар за гранични работи ЈУГ –ПС за ГН Михајлово и ДЗС ПО Кавадарци. Околу 20:00 часот екипата е повлечена од терен и префрлена на друг пожар.

Околу 20:00 часот страна на ТППЕ Кавадарци известено е пожар кај селото Возарци – лево од фабриката Фени. Гори сува трева и ниска вегетација а интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Кавадарци со четири ПП возила и две теренски возила.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти со Ковид-19

Редакција

Почна судењето на судијата Панчевски

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44 години

Редакција