еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед; Стапуваат на сила новите правила за тргување на Македонската берза

Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонската берза од 19.06.2019 година за постапување по Решението на Комисијата за хартии од беа извршени измени и дополнувања на правилата за тргување на Македонска берза кои ќе се применуваат почнувајќи од 28.06.2019 година (петок), информираат од берзата.

„Измените се однесуваат на одредбите од Правилата во однос на: начинот на реализација на налогот по најповолна цена; воведување на нов вид на ознака при тргување на друштвата за управување со инвестициски фондови кои управуваат со портфолио на индивидуален клиент; измена во одредбите за отстранување и повторно воспоставување на ценовните ограничувања (статички лимити); измени во делот на дозволените отстапувања на цената на пријавената администраторска блок трансакција; измена на минималниот износ на вредност на системска блок трансакција“, соопшти берзата.

Пречистениот текст на Правилата за тргување ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешки Кристал 1923 со намалена добивка во првите три месеци

Редакција

Борче Сиљаноски и Давид Коприва нови членови на Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

Живко Мукаетов купи акции на Алкалоид

Редакција