еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Стопанска банка Скопје распродава запленети згради, куќи, деловен простор, машини…

Стопанска банка Скопје по пат на наддавање ќе изврши продажба на запленет имот по основ на ненаплатени кредити. Се нудат згради, деловен простор, куќи, машини, производни погонии други движни и недвижни предмети во повеќе градови во земјата.

На наддавање се нуди следниот имот:

Недвижен имот во Неготино – 7 (седум) згради со вкупна површина од 1293м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани во м.в. Маршал Тито за КО Неготино запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино, и тоа:

а) зграда 2 со површина од 690м2 за минимална/почетна цена од 111.000 евра.

б) зграда 3 со површина од 198м2 за минимална/почетна цена од 32.000 евра.

в) зграда 4 со површина од 147м2; зграда 5 со површина од 15м2; зграда 6 со површина од 86м2 и зграда 7 со површина од 13м2 за минимална/почетна цена од 38.500 евра.

г) зграда 8 со површина од 144м2 за минимална/почетна цена од 26.000 евра.

Куќа во с.Здуње, Гостивар со површина од 343м2 и земјиште од 542м2 за минимална почетна цена од 50.000 евра.

Деловен простор во Кочани на ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.041 евра.

Деловен простор во Кочани ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м2 запишан во ИЛ бр. 13428 за КО Кочани за минимална почетна цена од 3.171 евра.

Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1281м2 за минимална/почетна цена од 230.000 евра.

Спрат од куќа во Струмица на ул. М.Тито бр. 158 Струмица 1 кат од 67 м2 запишан во ИЛ бр.13407за КО Струмица.за минимална/почетна цена од 9.700 евра.

Деловен простор во с.Турново,Струмица на м.в. Турново 152 од 157м2 и земјиште од 779м2 запишан во ИЛ бр.700 за КО Турново за минимална/почетна цена од 6.500 евра.

Производен погон во с.Раборци, Струмица на м.в.Туполите од 427м2 со право на користење на земјиште под објект од 546м2 запишан во ИЛ бр.8 за КО Раборци за минимална/почетна цена од 9.100 евра.

Шест објекти (дел од комплекс за обработка на тутун (Јака Табак, во стечај) во Радовиш на ул.М.Тито, и тоа:

а) Зграда 7, објект откупна сала со вкупна површина од 2871 м2 за минимална/почетна цена од 181.800 евра.

б) Зграда 9, објект магацин со вкупна површина од 5,007м2 за минимална/почетна цена од 293.400 евра.

в) Зграда 12, објект ресторан со вкупна површина од 768м2 за минимална/почетна цена од 60.000 евра.

г) Зграда 18, објект магацин со вкупна површина од 158м2 за минимална/почетна цена од 11.700 евра.

д) Зграда 21, објект магацин со вкупна површина од 151м2 за минимална/почетна цена од 9.182 евра.

ѓ) Зграда 22, објект магацин со вкупна површина од 183м2 за минимална/почетна цена од 13.500 евра.

Недвижен имот (административен простор со производна хала) во Скопје лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани со вкупна површина од 1751м2 со право на сопственост на земјиште под објект и двор со површина од 556м2 за минимална почетна цена 583.000 евра.

Машина за печатење весници Мануграпх-Цитѕлине Еџпрес производена во 2005 за минимална почетна цена од 29.000 евра.

„Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди. Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

Рокот за доставување на понудите е 16.01.2020 година“, велат од банката.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Редакција

Зголемување на цената на дизелот, еуросупер БС-98 и екстра-лесното масло

Редакција

Кој е „непознатиот сторител“ за пензискиот скандал во ПИОМ?

Редакција