еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: „Тепачка“ за пари од изборите меѓу македонските медиуми

Дури 45 телевизии, 53 радија, 12 печатени медиуми и 235 интернет портали се најдоа во регистарот на медиуми на Државната изборна комисија за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, а кои ќе се натпреваруваат да „лапнат“ реклами од политичките партии за време на изборната кампања.

Меѓу нив, има познати телевизиски куќи, весници и интернет портали, но и медиуми за кои поголем дел од јавноста прв пат слуша.

Всушност, дел од телевизите, радијата и весниците се јавуваат и со своите интернет портали така што ги има два пати во регистарот на ДИК.

Од ДИК веќе соопштија дека ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата медиумите се должни двапати јавно да ги објават.

Врз основа на овој регистар треба да биде исплатена платената политичка реклама од политичките партии, а околу 3.600.000 евра ќе бидат исплатени средства од буџетот на државата.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски неодамна за радиото Канал 77 кажа дека порталите кои ќе треба да делат околу 900.000 евра од вкупниот „колач”, а лимитот е 15.000 евра по портал.

Инаку, според измените во Изборниот закон, како што објаснуваше Деркоски, од парите за медумско рекламирање 45% ќе им припаднат на партиите од позицијата кои што на минатите избори ја освоиле власта, 45 % на партиите во опозиција и 10 % на другите партии, вонпарламентарни и нови партии.

Целиот регистар на медиуми ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Добро дојдовте во Република Дивоградба“: Твитер реакции за законот за легализација на дивоградбите

Редакција

Случајот со протерувањето на рускиот дипломат е документиран, не станува збор за импровизација, вели Пендаровски

Редакција

Новогодишни честитки од Апелација: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор

Редакција