еМагазин
Image default
Македонија

Детали од МВР: Пресечен меѓународен канал за „увоз“ на кокаин од Белгија во Македонија

Полициски службеници од МВР на Македонија во соработка со полициски службеници од МВР на Република Србија реализирале акција за спречување на меѓународен канал на транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во земјава во која се запленети еден килограм и 58 грама кокаин.

„Во октомври и ноември 2019 година, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена е истрага над организирана криминална група која се занимавала со организирање на транспорт на наркотична дрога „кокаин“, од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија. Групата се занимавала и со улична продажба на наркотична дрога „кокаин“ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар“, соопшти МВР.

На 06.12.2019 година во координација со Одделот за специјални полициски операции, лишен од слобода е Х.С (26) од с.Речане-Гостивар, кај кого во патничко моторно возило „сеат леон“ кое го управувал, а го паркирал на територија на Република Србија, во багажниот простор пронајдени се 1.058 грама кокаин.  Х.С. кокаинот го транспортирал од Белгија до Република Северна Македонија.

„Исто така, лишени се од слобода и главните организатори на транспортот на дрогата Р.Љ (36) од с.Арачиново-Скопје и М.И (35) од с.Речане-Гостивар. Овие лица и претходно биле кривично пријавувани за дела од областа на недозволената трговија со дрога за што издржувале и казни затвор.

По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас побарал од министрите да се обврзат дека владата нема да падне поради прашањето за името

Редакција

Продолжува собраниската и комисиска дебата за пакетот закони за коридорите 8 и 10д

Редакција

443 казни за неносење маска

Редакција