еМагазин
Image default
Спорт

Детали од МВР: Навивачи од село Волино направиле хаос на натпреварот меѓу Сатеска и Црно буки

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне, информира МВР.

Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид.

Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија“ ечеше во Струмица: Македонските ракометари ја победија Грција

Редакција

Македонија го победи Гибралтар

Редакција