еМагазин
Image default
Македонија

Детали за Договорот од Преспа: Кога ќе ги менуваме имињата на институциите, таблите на граничните премини…

Меѓу првите точки на владината седница вчера, Владата ја разгледа Информација за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно Договорот од Преспа, информираат од таму.

„Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.

Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.

За истата таа постапка, соодветни препораки ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, додека пак, секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани.

Една од одлуките за оваа точка е и обврската да државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата на РМ доби задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.

Како дополнување на оваа точка, на седницата беше предложено и прифатено овие обврски за извршување на одредбите од Преспа да се усогласат и со Законот за употреба на јазиците“, се вели во соопштението на Владата.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичанецот Стојан Витанов именуван за генерален конзул во Венеција

Редакција

Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Редакција

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир од Социјалистите и Демократите, Зелените и Обединетата левица

Редакција