еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Детали за понудите: Новиот мобилен оператор Телекабел со префикс 074 стартува од денеска

Новиот мобилен оператор со префикс 074 стартува со работа од денеска. Нема обврзувачки договори, се нудат три пакети и четири мобилни апарати.

Еве за какви пакети станува збор:

300 денари

-200 мин разговор кон сите национални мрежи (без специјални броеви – квиз, хот лајн, наградни игри…….)

-1 GB интернет сообраќај

-цена за СМС: 3ден/смс

-цена за повици по надминување на лимит: 3ден/мин

-дополнување на интернет: 100ден/GB.

500 денaри

-неограничени разговори кон сите национални мрежи (без специјални броеви броеви – квиз, хот лајн, наградни игри…….)

-10 GB интернет сообраќај

-цена за СМС: 3ден/смс

-дополнување на интернет: 100ден/GB.

1.500 денaри

-неограничени разговори кон сите национални мрежи (без специјални броеви броеви – квиз, хот лајн, наградни игри…….)

-неограничено интернет сообраќај

-цена за СМС: 3ден/смс.

По надминување на вклучениот интернет сообраќај во пакетот брзината се намалува на 64/64 kbps.

Корисникот може да побара дополнување на интернет сообраќај од 1GB со барање во наплатен центар на #Телекабел или со испраќање СМС на телефонскиот број 609 со содржина: 1G.

Активација на услугата дополнителен интернет сообраќај во наплатен центар е бесплатна, а преку СМС е соодветна на цената на една СМС порака.

СИМ картичката за нов корисник е бесплатна.

НЕМА ОБВРЗУВАЧКИ ДОГОВОРИ

Ако од било кои причини не сакате повеќе да бидете наш корисник, потребно е само да доставите барање за раскинување на договор и телефонот ќе Ви биде исклучен без притоа да плаќате пенали или други надоместоци како казна за раскинувањето.

Склучувањето договор како и раскинувањето на договорот се фактурира месечно, без разлика на кој датум го склучувате или раскинувате договорот.

ПОРТИРАЊЕ НА БРОЈ

Може да си изберете наш број со префикс 074, а можете да извршите портирање и да го задржите стариот број. За тоа потребно е да поднесете барање кај нас и да имате 200 денари кредит (тоа се пари кои ги наплаќа вашиот сегашен оператор).

Од како портирањето ќе биде одобрено, ќе Ви се јавиме за потпишување на договор и за достава на новата картица.

РОАМИНГ услови

Во случај кога корисник ќе се најави на странски оператор, услугата интернет автоматски се исклучува.

За повторно вклучување на интернет услугата ќе биде потребно да се испрати СМС со содржина DATAON на телефонскиот број 609.

При прво најавување на интернационален оператор корисникот добива информативна СМС порака со највисоките цени во таа држава.

Подетални информации за цени по оператор во роаминг може да се видат на официјалната веб-страница www.telekabel.com.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Роби „Телекабел“ го означи стартот на новиот мобилен оператор: Го има првиот број со префикс 074

„Телекабел“ влегува на пазарот за мобилна телефонија, без обврзувачки договори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како била лекувана жената од Куманово, која е првата жртва на коронавирусот

Редакција

Филипче: За сега нема одлука за полициски час или ограничување на движење

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Најверојатно сите ќе треба да примиме една, две, три или четири вакцини, вели Кунгуловски

Редакција