еМагазин
Image default
Македонија

Девет нови заразени од корона вирусот во Прилеп и први два случаи во Крушево

Бројот на инфицирани со корона вирусот во Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени девет нови случаи. Во самоизолација се наоѓаат 134 граѓани.

Во Инфективното одделение се три лица, а едно лице е во изолација и се чека развојот на неговата клиничка слика. Регистрирани се и првите два случаи на заразени од Крушево.

Зголемувањето на бројот на инфицирани лица ќе ја наметне потребата од ангажирање дополнителни медицински екипи од другите одделенија од Прилепската болница, кои ќе бидат ангажирани во Инфективното одделение, соопшти прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, по состанокот на Кризниот штаб.

„Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход го очекуваме во наредниве денови. Гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следниве денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот, па од тие причини апелирам до граѓаните ги намалат социјалните дружења.

Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица.

Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и до стоматолозите да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави Јованоски.

Тој напомена дека зголемувањето на бројот на инфицирани лица ќе ја наметне потребата од ангажирање дополнителни медицински екипи од другите одделенија од прилепската Општа болница, кои ќе бидат ангажирани во Инфективното одделение.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Филипче: Влегуваме во критична фаза, зголемување на рестриктивноста ако се влоши состојбата

На Инфективна примено двегодишно дете заразено од корона вирусот

Апликацијата за следење на лицата кои имале контакти со заразени ќе се активира следната недела

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинители биле во Косово, за обезбедување докази за случајот на Онкологија

Редакција

Откако играше на свадба со пиштол, Владата го разреши Џеват Исени

Редакција

Американска амбасада: Првите избори по влезот во НАТО значаен чекор кон демократијата

Редакција