еМагазин
Image default
Македонија

Девет новозаболени лица од корона вирусот во кумановско

Центарот за јавно здравје – Куманово во последните 24 часа регистрира девет новозаболени лица од Ковид-19, сите од Куманово и околните села, информираа денеска надлежните од установата.

„Сите новозаболени се од веќе познати кластери и имале контакти со член на семејство кој бил заразен. Во Липково по подолг временски период немаме новозаразено лице“, изјави директорот на установата, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 70 тестирања, поголем дел се контролни тестови, а помал дел се извршени според епидемиолошки индикации и по „Мој Термин“.

Според податоците на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата, на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Куманово со Ковид-19 дијагностицирани се 703 лица, од нив активни се 250 лица.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 74 оздравени пациенти од корона вирусот

Од корона вирусот починаа уште 4 лица

32,4% од заразените со корона вирусот во Македонија без симптоми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп

Редакција

Изречени 685 казни за неносење маска

Редакција

Предвремени парламентарни избори: Македонија гласа со маски

Редакција