еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деветта по ред: Данска го ратификува Протоколот за пристапување на земјава кон НАТО

Данскиот Парламент денеска без дебата и во присуство на шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Протоколот во Парламентот на Данска беше ратификуван со 97 гласа „за“ и девет воздржани.

Со ова Данска стана деветтата земја која го ратификуваше Протоколот, односно прва западноевропска земја која ја заврши постапката за ратификација и даде зелено светло на нашата земја на патот кон полноправно членство во Алијансата.

На отворената седница присуствуваше и в.д. амбасадорот на земјава во Данска, Александар Новотни.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маратонска расправа во Собранието за договорот меѓу Владата и „Макпетрол“: Виси судбината на гасоводот

Редакција

Борисов до Османи: Неопходните компромиси мора да се направат

Редакција

Реакции на твитерџиите: Референдумот помина, фатете се за работа

Редакција