еМагазин
Image default
Забава

Деветтиот фестивал „ПМГ Рекордингс“ ќе се одржи утревечер во МКЦ

Како изблик на незадоволство од културната и сеопшта состојба на теренот, „ПМГ Рекордингс“ веќе 21-на година издава и промовира македонска музика и култура, со единствена цел: поквалитетен живот. „ПМГ Рекордингс“ фестивалот е една од врвните годишни заложби на оваа дискографска куќа и секогаш носи некои од најсвежите, најквалитетни домашни, но и странски имиња.

Овогодинешното, деветто по ред издание, ќе се случи на 5 октомври, сабота, во Младинскиот Културен Центар, Скопје и ќе биде вистинска прослава на современиот звук. На три подиуми за танц, ќе настапат 15 артисти од електронската, рок и џез сцена, признати музички автори, изведувачи од домашната и меѓународна сцена.

На фестивалот ќе настапат домашните џез состави „Сетстат” и „Светлост” како две моментално најрепрезентативни музички формации кои го негуваат современиот џез звук. Првиот состав – музички бард со долгогодишно искуство и докажан квалитети, другиот со младешка енергија, креативност и фантастичен звук. Сцената со нив ќе ја сподели и „Мухамед Ибрахими” нашиот виртуоз на жичани инструменти, кој прави совршен спој помеѓу традицијата и современиот звук.

Од инди рок составите на фестивалот ќе се претстават домашниот состав „Александар Велики” и гостите кои ни доаѓаат од Тирана,  бендот „3:56АМ” кои штотуку издадоа албум за ПМГ Рекордингс.

Електронската сцена ќе биде застапена со домашни квалитетни и признати автори и продуценти од различни генерации кои на публиката ќе се претстават со настапи во живо и диџеј сетови.

Од помладата генерација на фестивалот го претставуваме електронскиот колектив  „Барум Барум” хит на сезоната со настап во живо, покрај веќе докажаниот и со бројни настапи „Кантон6”.

Како диџеи на фестивалот ќе земат учество ветерантите на електронска сцена, артистите на пиемџи колективот Мирко Попов, Горан Атансовски – Роботек, Дарко Јорданов, Горан Атансовски – Роботек, Илина Ангеловска, Виолета Качакова како дел од колективот од средната генерација, и младите и самостојни а веќе докажани и диџеи и продуценти Бодан Јамакоски и Марко Рикалоски.

Специјалната понуда на вечерта се британските „Параноид Лондон”, еден од водечките состави на современата електронска есид-хаус сцена, кои за прв пат ќе се претстават на македонската публика.

Влезот на фестивалот е бесплатен, и како и на минатогодишно издание, така и оваа година се очекуваат околу 5.000 посетители на еден од најквалитетните и највесели музички автохтони настани во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мадона на оргинален начин ја најави светската турнеја за обележување 40 години на музичката сцена

Редакција

По две години пауза, со предавање на клучот на Општина Струмица на Карневалот, започнува карневалската манифестација

Редакција

(Видео) Мадона ја почна светската турнеја, и на 65-годишна возраст покажа дека се уште е поп кралицата

Редакција