еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 13 часот гласале 284.942 гласачи, излезноста е 20,45 проценти

Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти.

Портпаролот на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска на прес-конференција соопшти дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи.

-На сите гласачки места од почетокот од 7 до 13 часот гласањето тече непрекинато и без проблем. Само едно гласачко место во Студеничани 2344 не е отворено и таму денеска гласањето нема да се одржи, соопшти Гугучевска.

Таа информираше дека во Охрид, Ново Село и Дебар каде има предвремени избори за градоначалници, гласањето тече непрекинато.

На овие избори на 3.480 гласачки места во 80 општини право на глас имаат 1.808.131 гласач.

МИА/Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски во Минхен се сретна со словенечкиот колега Пахор: Успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во април

Редакција

(Фото) Како изгледаат прашалникот и изјавата за согласност за интервенција, кои ќе ги пополнуваме кај стоматолог

Редакција