еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 15 часот гласале 396.252 граѓани или 28,89 отсто

До 15 часот вкупно гласале 396.252 граѓани што е 28,89 отсто од вкупно евидентираните во Избирачкиот список.

Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, во моментов пристигнуваат податоци од уште три општини, Гази Баба, Гостивар и Крива Паланка, но не се очекува тие драстично да го променат сегашниот резултат.

-Нема посериозни нарушувања на избирачкиот процес. Гласањето се одвива мирно, без какви било проблеми. Се надевам дека така ќе заврши изборниот ден, како што впрочем апелиравме и очекувавме – во фер и демократска атмосфера, истакна Деркоски.

Тој сепак информира дека до ДИК се пристигнати осум нови приговори за нарушување на гласачкото право кои дополнително ќе бидат анализирани.

Деркоски на прес-конференцијата поединечно информираше за излезеноста во општините. До 15 часот, како што рече, се обработени податоци од вкупно 2.722 или 77,51 отсто. Тоа покажува дека излезеноста во Прилеп е најголема 43,75 отсто, а во Липково изнесува 9,75 проценти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.900: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција

Заев по средбата со Села и Гаши: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата

Редакција

Почина Георги Константиновски, архитектот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Меморијалниот комплекс АСНОМ

Редакција