еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 17 часот излезноста 41,38%

До 17 часот гласале 41,38 отсто односно 547.284 граѓани со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), според добиени податоци од вкупно 2.545 избирачки места во државата за Локалните избори 2021.

Најголема излезеност до 17 часот има во Новаци, 69,76 отсто од запишаните гласачи, Вевчани 64,27 отсто, Лозово 64,13 отсто, Дојран 62,42 отсто, Конче 61,91, Демир Хисар 60,95, Крушево 60,67 отсто и во Македонски Брод 60,1 отсто.

Според податоците на ДИК, најмал одѕив за гласање до 17 часот има во Брвеница 24,83 проценти, Шуто Оризари 25,57, Маврово и Ростуше 27,82 отсто, Центар Жупа 28,07 отсто, Боговиње 28,21, Липково 28,28 отсто, Студеничани 29,34 отсто, Желино 29,42 отсто, Врапчиште 29,7 отсто.

Од скопските општини најмногу избирачи на гласање излегле во Карпош 42,54 проценти, Кисела Вода 41,45, Центар 40,42 отсто, Аеродром 40,27 отсто, Бутел 40,07 отсто, Ѓорче Петров 39,68 отсто, Гази Баба 37,64 отсто, Чаир 34,83, Сарај 31,92 и Шуто Оризари 25,57 проценти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Левица за прв пат во Собрание: Чим им влеговме нема излегување

Редакција

Левица поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Редакција

Поранешниот директор на БЈБ, Чавков од безбедносни причини префрлен во затворот во Штип

Редакција