еМагазин
Image default
Македонија

ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми

Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива тековно и без никакови проблеми. Сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен соопштија од Државната изборна комисија за МИА.

-Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени на време и гласањето се одвива непрекинато, појаснуваат од ДИК.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

МИА/Фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева: СЈО е орган што гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите

Редакција

Во штипскиот регион корона вирусот се шири меѓу контактите на заразените

Редакција

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Редакција