еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Димитров и Анагностопулу потпишаа Спогодба за отворање на Маркова нога-Лемос

Шефот на дипломатијата Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу денеска во Скопје потпишаа Спогодба за отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро, Маркова нога – Лемос, соопштија од МНР.

Од таму додаваат дека ова е прв договор потпишан меѓу Северна Македонија и Грција, согласно одредбите од Конечната спогодба, со кој се очекува дополнителен развој во односите, интензивирање на комуникацијата и севкупен развој на Преспанскиот регион.

„На средбата со Анагностопулу беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на Преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чија што крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција и ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.

Ова е прва посета на министерот Сиа Анагностопулу надвор од Грција по нејзиното преземање на функцијата алтернативен министер за надворешни работи, што ја отсликува важноста што Владата на Грција и ја дава на односите со Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“

Редакција

Во Врање лани вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

Редакција

Пендаровски и Радев заедно со бугарски авион ќе патуваат во Рим на чествување на Кирил и Методиј

Редакција