еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Димитров и Рикер наздравија: Протоколот за НАТО ратификуван во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбук ја објавија министерот за надворешни работи, Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.

Зелено свето за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата.

Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30.членка на НАТО.

МИА/Фото: Фејсбук/Димитров/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 353

Редакција

Во Битола се одржа протест против полициската бруталност

Редакција

Што предвидува Уставот ако на Владата и се изгласа недоверба?

Редакција