еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: И се извинувам на ќерка ми за грозните пораки и јавното изложување, само затоа што е способна

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи по повод информацијата дека неговата ќерка Јана, добила стипендија за да се запише на универзитет во Холандија.

„Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.

СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија. Програмата е воведена од претходната влада. Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.

Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Социјалните мрежи „брујат“ за случајот Димитров: Непотизам или потенцијална дискриминација?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без договор: Расправата за уставните измени продолжува утре

Редакција

Петков не кажува кога Бугарија ќе го тргне ветото, требало да работиме заедно

Редакција

Караџовски: Го амортизиравме првиот удар на епидемијата, но битката не е завршена

Редакција