еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Најмалку што ЕУ ни должи е да биде јасна кон нас

Најмалку што Европската Унија му должи на регионот е да биде јасна кон нас. Ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер.

– Благодарност до сите лидери кои се бореа напорно за ЕУ да отвори пристапни преговори со нас, признавајќи го и зацврстувајќи го со тоа историскиот Договор од Преспа, охрабруваќи ги домашните реформи и европскиот наратив во Македонија, земја-кандидат веќе 14 години. Додека чекаме да се постигне консензус, ние мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома, пишува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денес е нарушен

Борисов: Заев да не поднесува оставка, ништо не е завршено, туку е одложено

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерот Османи и министерот Адеми негативни на коронавирусот

Редакција

Докторка вработена во струшката болница прегледувала пациенти дома, инспекторите предлагаат одземање на нејзината лиценца

Редакција

Скопје непромислено го жртвува суверенитетот: Русија за протерувањето на руските дипломати од Македонија

Редакција