еМагазин
Image default
Македонија

Димитров за случајот со Боки 13: Системот со сите маани почнува да се бори со криминалот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се произнесе за случајот со Бојан Јовановски на неговиот фејсбук-профил:

„Можеме да тонеме во разочарување и очај и да ја храниме самопоразувачката енергија дека од нас не бидува ништо. Со мазохизам и неразбирлива радост да ги дочекуваме лошите вести. Чашата секогаш да биде полупразна: „Ти кажав, не бива од нас држава”. Бидејќи, веста денес може да биде и ваква: системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа.

Дека ќе не’ биде и покрај се’ и заради се’. И заедно со сите кои не веруваат дека ќе не’ биде. Дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши. И ќе трае, оти е борба всушност на доброто против злото. На некој начин, таа борба, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток. Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи.

Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно.

Бидејќи знаете што е државата? Сите ние, сите граѓани до последен. И кога фрламе по државата, фрламе и по себеси. Ќе не’ биде народе, тогаш кога секој во своето, ќе турка до последниот атом. Јас не дигам раце додека не не’ биде. Не сме ние ништо понеспособен народ од било кој друг. Мегданот тоа да го покажеме и докажеме е токму тука, токму сега. Ќе не’ биде и точка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 624 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Мицкоски од Љубљана: Две земји од ЕУ не сакаат да се утврди краен рок за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ

Редакција

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Редакција