еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Законот за ЈО и „Рекет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство и водењето транспарентна, непристрасна истрага за случајот „Рекет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР.

Според Димитров, последниве две години има интензивно, очигледно и драстично подобрување на состојбата во однос на евроинтеграцискиот процес и водењето на надворешната политика. Зголемени се посетите во земјава, но и оние на наши официјални претставници во земјите-членки на ЕУ.

-Има нешто што се сметаше за нерешливио. Тука направивме крупен исчекор, манифестиравме вистински, европски начин и решивме едно прашање што не држеше надвор од процесот на ЕУ и НАТО интгрирањето. Со соседите, во услови кога е светот разнишан, создадовме шанса и за ЕУ, истакна Димитров.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партиите една година без договор за иднината на СЈО, погодете зошто

Зеколи за изјавата на Ахмети: Обидот на Али да го банализира „Рекет“ наликува на ишкање мува од капа

Наместо на инвестиции, 2019. стана година на „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министрите Ахмедовски и Ќахил сами барале да бидат разрешени

Редакција

Температура, малаксаност, кашлица: Кои се најчестите симптоми кај позитивните на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Досега се самопопишале 77.122 граѓани од дијаспората

Редакција