еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Династијата Мицотакис цел век ја ткае историјата на Грција

Голем е белегот врз грчката историја на политичката династија Мицотакис, од која доаѓа новиот премиер на Грција и лидер на Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

Корените на ова семејство во историјата на модерна Грција доаѓаат од Елефтериос Кирјаку Венизелос, кој уште на почетокот на минатиов век бил виден грчки револуционер, истакнат државник и харизматичен лидер.

Тој бил министер за надворешни работи и претседател на владата во неколку наврати од 1910 до 1933 година.

Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“.

Негов директен потомок е поранешниот грчки премиер, Константинос Мицотакис. Тој беше беше премиер од 1990 до 1993 година, кога Македонија стана независна држава и го блокираше признавањето на Македонија во Европската унија. 

Во 1978 година влегол во партијата Нова демократија, и станал министер на координација.

Во 1980 година станал министер за надворешни работи. Во периодот од 1981 до 1984 година бил потпарол на парламентарната група на Нова демократија.

Во 1984 година бил избран за претседател на партијата.

Во 1990 година повторно неговата партија победила на предвремените избори. На власт се задржил до 1993 година, кога неговата партија ги изгубила изборите.

Почина на 99 годишна возраст.

Ќерка на Мицотакис е Дора Бакојани, која македонската јавност ја памти како поранешна министерка за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ.

Таа е првата жена избрана за градоначалник на Атина и прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.

Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004 година. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.

Таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движење.

Нејзиниот брат, 51 годишниот Киријакос Мицотакис од денес е нов премиер на Грција. Тој го презеде кормилото на Нова демократија во почетокот на 2016 година.

Тој има дипломирано на Харвард и бил аналитичар на инвестициска Чејс банка. Мицотакис бил пратеник и министер за реформа на администрација во конзервативната влада во 2013 година кога доверителите бараа намалување на јавниот сервис.

Синот пак на Бакојани, Костас Бакојани, како кандидат на Нова демократија, неодамна стана градоначалник на Атина.

Костас Бакојани претходно беше градоначалник на градот Карпениси, а од 2014 година беше гувернер на регионот Централна Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По победата на Мицотакис: Доаѓа ли време на заладување на грчко-македонските односи?

„Мицотакис победи, на ред е МИЦКОтакис„: Твитер реакции за изборите во Грција

Мицотакис по победата на изборите: Грција повторно гордо ја крева главата

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција

Користени материјали од Википедија/Фото: Colorem/ERT/Alchetron/RFE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанката Мими Стојановска со велосипед помина 1.000 километри за 1000 години Бигорски манастир

Редакција

Зошто Алкалоид е најпосакуван работодавач, какви бенефиции имаат вработените

Редакција

Нино Васев доби ослободителна пресуда за пациент од Онкологија, кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек

Редакција