еМагазин
Image default
Македонија

Директор на затворот „Скопје“, Котески ја доставил оставката до Владата

Од истражниот затвор „Скопје“ ја известуваат јавноста дека директорот на затворот Ѓоко Котевски и формално ја поднесе својата оставка до Владата по настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21-ви овој месец.

-Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбебедување, се наведува во соопштението.

Како резултат на пропустите, како што е посочено, бил овозможен првиот вербален и физички, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности инцидент за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата за натамошно постапување.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Редакција

Се договараат нови наставни програми за новите генeрации во нашата земја и Грција

Редакција

Нови 564 случаи на Ковид-19 од 3.526 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 17.128

Редакција