Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска ќе биде сменета уште денеска, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Тој бил информиран од претседателката на Антокорупциска комисија, Билјана Ивановска дека во вакви случаи може да се постапува уште веднаш.
На Клиниката за кожни болести ќе биде назначен нов в.д директор, бидејќи и покрај тоа што клиниката е затворена, потребно е вршење на административни работи.
Клиниката е затворена, бидејќи поранешната директорка и лекарка Биљановска и покрај тоа што се врати од високо ризично подрачје – Италија, не ја послуша препораката за самоизолација, и пет дена одела на работа, а била позитивна на корона вирусот.
Нејзината неодговорност и несовеснот стави во карантин близу 200 лица, кои освен што се нејзини колеги на клиника, присуствуваа и на симпозиум на кој таа предаваше.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп
Има ли основа за кривична одговорност за заразената директорка Нина Цаца Биљановска?
Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска
Фото: Дерматологија