еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивна на корона вирусот

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на нејзиниот фејсбук-профил информираше дека е позитивна на корона вирусот.

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.

Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација,“ информираше Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на корона вирусот

Има негативен тест за Ковид-19, но Царовска оди во самоизолација, имала средба со Зекири

Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се планира данок за екстра профит за дел од компаниите со приходи над 10 милиони евра

Редакција

Раст: 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Редакција

Секој пратеник сам треба да си одлучи дали ќе се вакцинира или не, вели Џафери

Редакција