еМагазин
Image default
Бизнис

Директорката на УЈП за сметките на Груевски: Не сме истражен, туку даночен орган

УЈП ги чека измените на Законот за Управа за јавни приходи со кои ќе се овозможи да ги гледа банкарските сметки, со цел, да има точни податоци пред пополнетата годишна даночна пријава.

Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во одговор на новинарско прашање, дали УЈП забележала и алармирала некоја друга институција дека поранешниот премиер Никола Груевски пред околу два месеца ги испразнил неговите банкарски сметки, поставено на денешната прес-конференција.

Потенцира дека УЈП не е истражен, туку даночен орган и неговата работа е да ги спроведува и да ги унапредува даночните цели.

– Нашата цел во делот на овие измени е да постапуваме во сегментот на даночните цели. Во моментов ние немаме таква надлежност да можеме да гледаме банкарски сметки, туку имаме можност по наши направени анализи да побараме од други сродни институции да утврдат одредена состојба.Тенденцијата на УЈП во делот на банкарските сметки е да ги види приходите на физичките лица. Нас не не интересира кој колку потрошил или кој, каде и што купил.

Нас не интересираат приходите на секое физичко лице за да успееме да му доставиме на верификување или на корегирање точни податоци во претпополнетата годишна даночна пријава.

Нашата основна задача е да се грижиме за наплатата на даноците и да поседуваме веродостојни податоци, рече Лукревска.

На прашањето дали побарале од институциите да ги проверат информациите за банкарските сметки на поранешниот премиер, Лукаревска рече дека согласно Законот за даночна постапка што важи во моментов станува збор за даночна тајна и затоа, посочи, не би сакала да шпекулира со било какви дополнителни информации.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Сања Лукаревска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО: Груевски и Божиновски му овозможиле на „Бетон“ бесправно да го изгради седиштето на партијата

СЈО поднесе обвиненија против Груевски, Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

На азилантот Груевски за „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за финансии: Приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход

Редакција

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2, а увозот за 28,7%

Редакција

„Кореа ауто-трејд“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на автомобил вреден 13.500 евра

Редакција