еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на Центар за јавно здравје за „Сител“: Корона вирусот станува поагресивен кај младите, повеќе нема контрола на кластерите

Директорот на Центар за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов за телевизија „Сител“ изјави дека се повеќе млади луѓе заболуваат од корона вирусот.

„Имаме ситуација кога помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари, но полесно. Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но малку е времето од 4 месеци да го осознаеме,“ вели тој.

Стојанов додава дека најголемо жариште на вирусот е главниот град каде во моментот има повеќе од 2.000 активни случаи. Нема кластери како на почетокот на минатиот месец кога надлежните велеа дека можат да ја контролираат заразата, туку, според евиденцијата на скопскиот Центар за јавно здравје, инфекцијата е раширена во сите делови од градот.

– Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо, како што имаше ситуации во некои развиени земји,“ вели Стојанов.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум кривични пријави за подметнување на пожар поднело МВР

Редакција

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Редакција

10 лица од новозаразените со коронавирусот со претходни заболувања

Редакција