еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на ЗОО, Галетановски бил повикан во полиција заради статус на Фејсбук

Заради наводно шеговит статус на Фејсбук, директорот на Зоолошка градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, денеска бил повикан во полиција да даде исказ.

„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, изјави Галетановски за „sakamdakazam.mk“.

Имено, тој  напиша дека тие што ќе гласаат за една од партиите учеснички на изборите, треба да го пречкртааат зборот „Северна“ од гласачкото ливче. Но доколку тоа се направи на ливчето, тоа станува неважечко.

Денеска имаше неофицијални информации дека и други лица биле повикани во полиција заради статуси на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Галетановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ламбе Алабаковски: Среќен и радосен сум што го запалив бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Редакција

Штрајкот ставен во мирување, учениците од утре на училиште

Редакција

Левица ќе поднесе иницијатива за забрана на бугарското здружение „Цар Борис III“

Редакција