еМагазин
Image default
Локално

„Дива лига“ на скопските улици: Откриени 53 возачи без положен испит и 65 нерегистрирани возила

Во текот на изминатите четири денови на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 109 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, информира МВР.

Од сообраќај се исклучени 76 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 53 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и осумвозачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 65 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло,четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 126 мандатни платни налози и 105 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Починал од струен удар менувајќи греач на шпорет

Редакција

Залутан куршум паднал на „Ауди“ во Сарај

Редакција

Алкохолизирани скопјани се тепале за време на полицискиот час

Редакција