еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината, кога ќе се анализира почвата не се знае

Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево на кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, потврди за „Мета“, државната секретарка во Министерството, Ана Петровска.

Таа вели дека откако Мета објави за постоењето на дивата депонија, алармирана била Владата и Министерството по што се одлучило прво да преземе акција за оградување на локацијата, а потоа и за анализирање на почвата.

– Среќа што овие информациите се обелодените и на некој начин е алармирано и до Владата и ние како Министерство и во овој момент ќе се преземе акција согласно член 42 од законот за отпад кој што не овластува нас како надлежен орган, пред да се докаже опасноста, бидејќи уште не е докажана, а за да ја докажеме ќе ни треба и време и ресурси, барем да го оградиме просторот за кој што се претпоставува дека е локација. Таа е во ненаселен простор, но е близу некој манастир, каде што деца одат на екскурзија. Со други зборови, ние како орган, до крајот на годината, имаме обврска да го оградиме тој простор и да поставиме одредена табла – вели Петровска.

Истовремено, потенцира Петровска, ќе биде испратено укажување до Министерството за образование и наука, дека додека не се утврди или не се потврди опасноста, таму да не се организираат ученички екскурзии.

– Анализите за испитување дали навистина има линдан во почвата се специфични и скапи. Навистина не знам од каде ќе најдеме буџет за тоа. Ние немаме буџет за вакви работи, но бидејќи ова е многу ургентно или ќе видиме со донатори или со Министерство за финансии да најдеме средства да започнеме со анализите – истакнува Петровска.

Таа во разговор за „Мета“ вели дека непотврдени информации за оваа депонија постоеле од 2015 година, но поради политичката криза запреле активностите за овој проблем.

– Од канцеларијата за ПОПс (Persistent organic pollutants – неразградливи органски загадувачи), тогаш испратиле допис до кабинетот и со тоа сè застанува. Ние, како Министерство, сме добиле задолжение, меѓутоа тоа задолжение не сме го преземале со оној степен на сериозност кој што бил потребен. Бидејќи до сега ништо не се преземало околу ова прашање, толку време се чекало, а и не сме биле свесни за точноста на овие информации, не сме презеле активности – додава Петровска.

Мета објави дека во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје.

Линданот на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.

Тој од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.

Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан.

Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како линданот на Охис го труе цело Скопје и околината

Ќе се отстранува опасниот по живот линдан од „Охис“, чистењето ќе трае од три до пет години

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Мета/Фото: Фармахем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Користењето енергија од отпад создава можности за развој и намалување на емисиите на јагленрод диоксид

Редакција

„СДК.мк“: Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола, Сашо Јанакиевски кој е газда на фирмата „Еко клуб

Редакција

(Галерија) НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година

Редакција