еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дизајн трендови: 2018 е година на експанзија на креативноста

Новитетите и промените во дизајнот на една компанија се резултат од потребата да се биде различен од другите, детерминирана од животниот стил на таргетот за кои е наменета.

2018 година слободно можеме да ја наречеме година на експанзија во дизајнот и креативноста. Ставајќи акцент на персонализација при креирање на логоа и маркетинг кампањи особено карактеристични се:

– храбрите, живи бои, кои се навистина освежување по мирните пастелни тонови
кои беа заштитен знак за многу компании

– рачно писмо – фонтовите се повеќе персонализирани

– рачен цртеж – илустрациите се доминантни за бренд кампањите оваа година

– отворени и контекстуални логоа

– креативна содржина – неопходноста за намалена количина на текст е заменета со
похрабри, пократки и визуелно привлечни зборови.

Giorgio Bellachioma, основач и сениор партнер на Brand Building Milano – Creativity for great Brands & Heroes, Милано, Италија, сподели искуство во однос на дизајнот и колку може да биде ефикасен за производот. „Многу компании ме прашуваат дали добра бренд-маркетинг стратегија значи голема инвестиција или скапи производствени капацитети.״ Тој советува, „ако немаш многу ресурси, тогаш треба да бидеш покреативен.

Да играш со зборови, да си духовит, иновативен, да погодиш емоција или слично, да се обидеш со различни големини, различни форми, различни материјали за пакување на производот. Пакувањето често е стратешка маркетинг алатка за секојдневна комуникација со вашиот потенцијален корисник, но повеќето од компаниите тоа го забораваат.“

Брендирањето ја живее својата втора младост

Изреката, „сè што е старо е ново”, важи и кај брендирањето. Така, дизајнерите работат на модернизација на трендовите од графичкиот дизајн од минатото, маркетинг менаџерите имплементираат „ретро“ стилови во однос на пакување или слично на производите. Сè со цел да разбудат емоции кај корисниците.

Еден пример од нашите простори е Пивара Скопје со ретро дизајнираните шишиња пиво, кои ги лансираше пред две години. Кога тој лансираше бренд на тестенини во Италија (прилично конкурентска категорија), само со користење на хартија наместо стандардниот целофан во комбинација со убав и необичен графички дизајн постигна голем успех без еден долар за рекламирање.

На прашањето „Дали ги следите трендовите во дизајн од областа брендинг и колку мислите дека се важни и придонесуваат за успешноста на компанијата?“ нашите соговорници ни одговорија:

Јасмина И. – „Јас лично не, ама другарка работи тоа и сигурна сум дека дизајн и маркетинг најмногу придонесува за успешноста на компанијата.“

Ангелина – „Не работам со тоа ама да кажам мислење како купувач. И те како мислам дека треба да се вложи во тоа. И те како придонесува во препознавање на еден бренд. Скоро ми се случи за еден наш производител помислив дека е турска фирма баш поради името на производот.“

Александра Т. – „Круцијални се. Препознатливоста и изградбата на брендот подразбира пред сè уникатен дизајн, впечатливост, додека маркетингот се грижи за успешна визуелизација за клиентот (зависно која група е таргетирана старосна структура, соодветен социјален медиум итн)“

„Брендовите треба да ги допрат срцата на потрошувачите,да ги изненадат.. Убедени сме дека нашите производи се добри (можеби не и најдобрите во светот, но многу добри), знаејќи дека тие се производи со висок квалитет и им нудат на нашите клиенти љубов. Во еден глобализиран свет, производите се продаваат кога го допираат нашето срце, правејќи да се чувствуваме поинаку и среќни. Значи креативноста во нашата комуникација станува клучен елемент на нашиот успех. Комуникација која ни кажува малку приказни, малку детали, што ги третира и изненадува.“-Montse Grau Comet, специјалист за стратегиско организирање и комуникации, Универзитет во Барселона.

(извор: Marketing. The Art of being different, www.linkedin.com)

Подготвил: Александра Филиповска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледаше акцијата за спасување на охриѓанецот кој падна во провалија

Редакција

Почнува летното сметање на времето, поместување на часовникот за еден час напред

Редакција

Доктор Мехмедовиќ за СП: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Редакција