еМагазин
Image default
Интервју

Дизајнерот Аугуст за трендовите во мебел-индустријата: Рачната изработка е актуелна

Кои се креативните умови кои со нивните иновативни дизајни постигнуваат успех во индустријата на мебел? Се среќаваме со дизајнерот Херман Аугуст, кој за првпат ќе присуствува на Скопската недела на дизајн, Skopje Design Week. Зборуваме со него за најновите трендови во индустријата за мебел.

Што според вас е успешен дизајн, што го карактеризира?

– Според мене еден успешен дизајн треба да исполнува неколу критериуми. Битен критериум е дали се препознава контекстот на производството без разлика дали е индустриски или рачно изработен. Дали производството и изборот на материјалите е правилно направен според контектот и дали има иновативна идеја Понатамошен критериум e ефективниот формален јазик, т.е. формата да може да постои како претставник на нашето сегашно време. Инаку, класичните критериуми се уште важат: успешната форма, функционалноста и правилниот избор на материјали каде со нивната обработка рефлектираат одржливост.

Каде ја наоѓате инспирацијата за Вашите дизајни?

 -Многу ме интересира културата и ги следам актуелните трендови во модата, архитектурата, современиот танц и ликовната уметност. Тука веројатно сум позаинтересиран во естетските артефакти, но кога станува збор за длабочина, изворите за инспирација се повеќе теоретски, како текстовите од социологот Луциус Бургхарт или антрополошкиот светоглед на Рудолф Штајнер, кои имаат влијание врз мојата работа.

Колку истражување е потребно за да се дојде до вистинската идеја, прототип, за да може да се воспостави договор за производство?

-Toa е тешко прашање. Секој дизајнер веројатно има сопствена култура за развој на производ која ја концентрира при дизајнирањето на предметот. Јас се обидувам да развијам производ ослободен од брифингот на производителот, а потоа во втората фаза се бара вистинскиот производител за дадениот предмет. Во поново време повеќе сум сконцентриран на површински артефкати, каде секогаш многу експериментирам со различни материјали. Мојата керамичка вазна за Пулпо е една од првите резултати.

Кои се моменталните трендови во индустријата за мебел?

– Трендот во последните години беше претежно во рачната изработка, т.е. мебел каде што занаетчиството можеше да се види. Тоа се материјали по можност дрво – тапациран мебел. Исто така имаше големо оживување на дуваното стакло, кое што може да најде на клуб масички и стаклени ламби. Ова се разбира го олеснува патот за влез на пазарот на новите брендови бидејќи тие не треба да инвестираат во скапи алати. Како дополнување CNC производствените линии станаа многу поефикасни.

Кои се вашите препораки за македонските производители на мебел, со оглед на тоа дека сте веќе присутни овде по повод Неделата на дизајн во Скопје?

– Главно, секогаш сум отворен за дискусија и за соработка! Од искуство знам дека дополнително за производот, консултитање околу дизајнот често е потребно, бидејќи секогаш гледам на еден бренд како “составен”. “Што е филозофијата на брендот, каква е графичката појава, како брендот се претставува на еден саем, се до прашањето, како е произведен мебелот, со каков квалитет? Верувам ќе стане многу битно во иднина дека брендот има да раскаже приказна така што ќе биде врежана во сеќавањето на луѓето и на тој начин долгорочно ќе се утврди на пазарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авторката на „Мистериозниот град под калето“, Тодоровиќ: Османлискиот период на градот Скопје на интересен начин претставен за децата

Редакција

(ФОТО) Изумителот на домашниот крем од лешници „Леска“, Пеце почна со производство на чоколади

Редакција

Александра Антовска, Cashback: Привилегија е да се работи за најголемата меѓународна шопинг заедница

Редакција