еМагазин
Image default
Бизнис

Дизелот поскапува, а бензинот БС – 95 поевтинува за половина денар

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.

Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари.

Цената на мазутот М-1 HC  се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Галеника ја купува Lifemedic и го проширува портфолиото на производи

Редакција

Државниот долг намален за 3,9 процентни поени

Редакција

Кај дел од фирмите кои ја злоупотребија државната помош извршена присилна наплата

Редакција