еМагазин
Image default
Бизнис

Дизелот поскапува за 0,50 денари, цената на бензините останува иста

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 62,00, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 69,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 денари.

За 1,163 денари се зголемува цената на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 35,343 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висината на платата зависи од местото на живеење: Каде има најголеми плати во Македонија?

Редакција

Вршителите на туристичка дејност бараат помош од Владата

Редакција

ХОТАМ: Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет во вакцинирањето против Ковид-19

Редакција