еМагазин
Image default
Локално

До 15 часот вакцинирани вкупно 939 деца со МРП вакцина

Министерство за здравство информира дека денеска до 15 часот вакцинирани се вкупно 939 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.

Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот.

„Апелираме, до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Потсетуваме дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Редакција

14-годишно девојче од Тетово грабнато додека одело кон маркет и силувано од соседот

Редакција

Поевтинува паркингот во Штип

Редакција