еМагазин
Image default
Балкан

До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Македонија

Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со нашата земја и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија.

Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник и е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија“.

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.

Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока. Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија.

До 15 мај привремено се прекинати сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и е забранет влез во Грција за албански државјани, се прекинува морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

На 15 март, на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија, одлука што сега е продолжена за уште еден месец.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција на плажа во јули, ако нема зголемување на бројот на заразени со Ковид-19

Поради корона вирусот 800 евра месечна помош за 1,7 милиони вработени во Грција

Поради корона вирусот до крајот на април затворени хотелите во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?

Редакција

(ВИДЕО) Неверојатно: Австралиски каскадер во Миконос возеше мотор по вода

Редакција

Денеска во Косово мирно, КФОР ја следи ситуацијата

Редакција