еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојави за бомби во пет основни училишта во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук информираше дека попладнево во пет основни училишта се стигнати дојави за поставени бомби.

– Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби.

Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави, напиша Стефковски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 734 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција

Македонско сценарио ја тресе Албанија: Објавени прислушувани разговори меѓу Еди Рама и мафијата

Редакција