еМагазин
Image default
Македонија

Дојче Веле: Во СЈО поплавени и материјали за објекти од „Скопје 2014“

Дојче Веле неофицијално дознава дека меѓу поплавените материјали во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) биле и оние од обемната предистражна постапка за „Скопје 2014“.

Не станувало збор за документи поврзани со изградбата на спомениците, туку документација за објекти изградени во рамките на тој проект. Односно, документи поврзани со градежна команија, градежни книги и т.н.

„Не може да се рече дека документите се уништени. Беа натопени во поплавата, и исушени. И не станува збор за единствени и нанадоместливи документи, бидејќи тие се добиени од јавни институции – централен регистер, банки.., така што, доколку е потребно, повторно можат да бидат обезбедени“, велат извори од СЈО за Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се уништени докази за „Империја“, тврдат од СЈО

„И сега без докази како ќе знаат кој да амнестираат?„: Твитер за поплавата во СЈО

Поплава во СЈО уништи и оштети докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема барање за екстрадиција на притворениот македонски дипломат во Србија

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција

Поплава во СЈО уништи и оштети докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Редакција