еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

До каде е предметот „Попис“ на СЈО во кој се води истрага против Ахмети и Груевски

Во изминативе шест месеци како што стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Попис“, кој е во истражна постапка, биле испитани повеќе сведоци.

“Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р. Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија во 2011 година, ова Јавно обвинителство на ден 25.01.2019 година донесе наредба за економскофинансиско вештачење, кое се уште не е изготвено“, стои во извештајот, во кој нема други детали за овој предмет.

Инаку „Попис“ се однесува за основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ДУИ, Али Ахмети, кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175 милиони денари.

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми. Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи на презентацијата на овој предмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 3 лица од новозаболените со коронавирусот констатирана хронична и здравствени состојби

Редакција

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Редакција

(ВИДЕО) Тинејџерите „одлепија“ по нив: Кои се македонските јутјубери Марко Марковиќ и Стефан Рашковиќ

Редакција