еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

До каде е случајот „Базни станици“ на СЈО во кој се гони Луковски, екс-директорот на Т-Мобиле

На негово барање денеска Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-Мобиле“, даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО) за случајот „Рекет“, информираа од Обвинителството.

Овој исказ на Луковски е дополнување на претходниот негов исказ за истиот случај.

Луковски, се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, а осомничениот Бојан Јовановски и сведоко-жртва бизнисменот Орце Камчев го споменуваат во врска со случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Базни станици“.

За што се гони Луковски?

Според обвинението во случајот „Базни станици“, што во СЈО го води обвинителката Лиле Стефанова, која исто така пред неколку дена даваше исказ во ОЈО за случајот „Рекет“, Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-Мобиле Македонија, меѓу кои, е и државата.

Според СЈО, тој во 2011 година ја злоупотребил службената положба и овластување како главен извршен директор на Т-Мобиле, барајќи финансиска понуда од Бетон Скопје за легализирање на дивите базни станици, иако Т-Мобиле поседувала соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа за околу 3.000 евра по објект.

Од друга страна, Бетон Скопје претходно никогаш немала давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното искуство.

Сепак, набрзо Бетон ја известил Т-Мобиле дека бараната услуга може да ја изврши за тројно повисока цена од онаа за која работата можела да ја заврши стручниот тим на Т-Мобиле.

До каде е случајот?

Во последниот извештај за работењето на СЈО за за периодот од 15.09.2018 до 15.03.2019 година, стои дека предметот се наоѓа во фаза на истражна постапка.

Исто така во извештајот е нотирано дека во рамките на овој период е извррусшен распит на осомничениот Луковски.

Истрагата за Луковски е започната во октомври 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на „Т-Мобиле“, Луковски по втор пат дал исказ за „Рекет“

Рускоска: Заев го има само еднаш во исказот на Камчев, други политичари не се спомнати

Обвинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“

Од Обвинителството се уште не знаат како дел од записникот од сведочењето на Камчев заврши во медиумите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Транспортер“: Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески осуден на осум години затвор

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

39-годишна пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија откако се породила

Редакција