еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

До кога Рикер, Хан и други ќе мора да бидат дадилки на македонските политичари?

Како и многу пати досега кога имало статус-кво во преговорите меѓу власта и опозицијата во нашата земја се вклучува алармот кај ЕУ и САД и тие мора да реагираат со испраќање на високи политички функционери за да ги усогласат ставовите меѓу двете страни.

Таков беше и случајот и изминативе денови во кои од САД дојде вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, а од ЕУ, комесарот за проширување, Јоханес Хан. Нивната посета најверојатно се должи на различните ставови на Владата и ВМРО-ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство односно иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како многу пати досега претставникот на САД пренесе порака политичките чинители да не играат игри, туку да соработуваат заради иднината на земјата и да бидат конструктивни со брзо завршување на процесот за усвојување на новата регулатива.

Хан пак рече дека никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. И тој, како илјада пати до сега порача дека треба сите политички фактори да дадат максимум за исполнување на реформите, од кои клучен е законот за јавното обвинителство.

Двајцата дипломати не кажаа ништо ново со оглед на тоа што новиот закон за обвинителството односно идниот статус на СЈО веќе предолго го кочи напредокот на земјава, пред се бидејќи власта и опозицијата не најдоа заеднички јазик за оваа тематика и чекаа 5 до 12 односно речиси да истече мандатот на СЈО за да му најдат „чаре“.

Извесно е дека на крајот решение сепак ќе има, но никој нема да го врати назад загубеното време. Се добива впечаток дека двете најголеми партии во земјава се како раскарани мали деца, а Хан и Рикер како дадилки кои мора да ги смират, што не доликува на една држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Нема датум за ЕУ во октомври без ново СЈО и борба против корупцијата и криминалот

(Фото) Американскиот дипломат со полна агенда: Филип Рикер ги насмеа сите освен Али Ахмети

Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Фото: Твитер/Амбасада на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на должници кон УЈП

Редакција

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

Редакција

Во април раст од 8,6% на депозитите и од 6,3% на кредитите

Редакција