еМагазин
Image default
Локално

Дојранчани се плашат од „наплив“ на викендаши за продолжениот викенд

Дојранчани очекуваат во текот на денот, особено со зголемен интензитет во попладневните часови, викендиците да се наполнат за продолжениот духовденски викенд односно да пристигнат од три до пет илјади гости, меѓу кои најголем број веројатно од високо ризичните места во земјава што сигурно не ги прави рамнодушни локалните жители, изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.

– Околу 80 отсто од викендиците во Дојран сигурно ќе имаат гости за продолжениот викенд до кои упатуваме апел доследно да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од ширење на корна вирусот, како и препораките да седат во дворовите со запазување на социјална дистанца, рече Ангов, кој истовремено раководи и со општинскиот кризен штаб.

Тој нагласи дека миграцијата од место во место е голема опасност за ширење на корона вирусот поради што очекува поголемо чувство на одговорност од страна на викендашите за своето и здравјето на другите.

– Апелирам до нив, особено во актуелната состојба кога бројките покажуваат повторно зголемување на заразата,за време на престојот во Дојран доследно да ги почитуваат мерките против инфекција од Ковид-19 затоа што од полицијата ќе бараме зголемено патролирање по улиците и казнување на недисциплинираните гости, рече градоначалникот Ангов.

МИА/Фото: Општина Дојран

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охриѓани загрижени да не ги „окупираат“ викендаши пред продолжениот празничен полициски час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен тетовчанец поради агресивно однесување кон полицајци

Редакција

Трагедија во кочанско: Починал на место откако му се превртел тракторот

Редакција

МВР со детали: Кичевчанец „испрал“ милион евра

Редакција