еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството поднесе жалба на пресудата за сообраќајката во која загина Фросина Цековска

Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.

„Жалбата е поднесена по две основи – поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка. Со поднесената жалба,  Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд  да ја преиспита донесената пресуда на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ти ја остави да умира во крв: Другарка на Фросина со обраќање до возачот, но и до судиите за намалената казна

Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор

Апелациски суд: Возачот што ја усмрти Фросина доби помала казна, оти ја призна вината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со Уредба скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии за 2020 година

Редакција

191 се реинфекции, едно лице се заразило по третпат: 1.493 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Министерот Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска, тврди Заев

Редакција