еМагазин
Image default
ЖИВОТ

До вторник дожд и грмежи, со високи температури, од среда стабилно и суво време

До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Од среда следи период на стабилно и суво време, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Прогноза на УХМР за денеска предвидува максимални температури во интервал од 29 до 38 степени, попладне облачноста ќе зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со краткотрајно засилување на ветерот и можна појава на град.

Максималните температури утре ќе се движат од 30 до 39 степени, во вторник од 29 до 37, а во наредните четири дена до 36 односно до 35 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче им го честиташе Денот на трудот на здравствените работници: Неуморно работат во зачувување на јавното здравје

Редакција

Здружението на правници Роми ќе биде на располагање на жртвите од „Јавна соба“

Редакција

На 82-годишна возраст почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ

Редакција