еМагазин
Image default
Бизнис

Добивката на „Витаминка“ намалена за 33%

„Витаминка“ во првите три месеци од годинава оствари добивка по оданочување во висина од 8,1 милиони денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 33%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Тоа најмногу се должи на растот на поедини групи на трошоци. Во првото тромесечие од 2020 година се преземени соодветни активности во поглед на реструктирањето на долгорочните кредитирање.

Целта е да се релаксира работниот-обртен капитал на компанијата. Причината за ваквиот потег е намалената профитабилност друштвото, нестабилноста предизвикана од појавата на ширењето на вирусот COVID-19 (Корона вирус) и секојдневното тонење на светската економијата.

Последиците допрва ќе предизвикаат несогледливи штети. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош имајќи го предвид претходно наведеното. Но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност.

Препораките од монетаристите – НБРМ или Централната Европска банка, банките да се воздржуваат од исплата на дивиденди и зачувување на ликвидноста е јасен сигнал дека е потребна посебна грижа за готовинскиот тек на друштвото.

Понатаму, според проценките на раководството, во последователниот период до датумот на издавањето на овие финансиски извештаи, оваа ситуација нема материјално значајно влијание врз деловните активности и финансиската состојба на друштвото.

Сепак, поради големата неизвесност од идниот развој на ситуацијата со коронавирусот, на меѓународно и локално ниво, не е можно да се направат сигурни и точни проценки на потенцијалното идно влијание врз финансиската состојба и резултатите од деловните активности на друштвото“, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека раководството на друштвото внимателно ги разгледува тековните пакет мерки донесени од Владата и секојдневно посветено работи на превземање на сите неопходни мерки со цел амортизирање на потенцијално негативниот ефект од коронавирус-ситуацијата и обезбедување континуирано деловно работење, преку внимателно планирање на својата тековна ликвидност и приспособување кон новонастанатата ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Витаминка“ досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации онаму каде е потребно

„Витаминка“ планира приходи од 52,4 милиони евра во 2020 година

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, „Витаминка“ се претставува осма година по ред

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви се очекувањата на Стопанска банка Скопје за престојниот период?

Редакција

Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар

Редакција

Владата објави список: Кои компании добија државна помош, а не им исплатија плати на работниците

Редакција