еМагазин
Image default
Техно

Добротворниот хакатон KindHack по втор пат во Скопје

По успешното прво издание на добротворниот хакатон KindHack, поддржан и организиран од Symphony Solutions, ви го најавуваме неговото второ издание, кое ќе се случува на 23 и 24 ноевмри во просториите на Symphony Solutions во Скопје.

Како и минатата година, така и во оваа сите невладини организации и институции од Скопје и пошироко се добредојдени да аплицираат со своите проекти за кои им е потребно ИТ решение. Рокот за аплицирање е до 22 октомври.

Хакатонот е исто така одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации.

Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.

Како да аплицирате?

– Можност за аплицирање има секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.).

– Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почеток на хакатонот.

– Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот.

– Невладината организација треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот линк.

-Рокот за аплицирање е до 22 октомври.

Повикот за сите заинтересирани учесници, како дизајнери, програмери и софтвер тестери ќе биде дополнително објавен.

За тоа како си поминавме минатата година и кои беа победниците на првиот KindHack во Скопје можете да прочитате повеќе овде.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе знаење, подобри вештини, посреќна иднина

Редакција

Наместо со паметни телефони, ќе комуницираме со помош на очила

Редакција

Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Никола Осило