еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Додека луѓе умираат: Владата одвои „смешни“ 1,5 милиони евра за борба против загадувањето

Владата на Република Македонија на вчерашната 103-та седница донесе одлука со која обезбедува првични 98 милиони денари или околу 1,5 милиони евра во борбата против загадувањето на воздухот, кое станува стратешки приоритет на Владата.

Оттаму соопштија дека е донесена одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година и дека како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.

Со други зборови, Владата од буџетот за 2019 година кој тежи 3,7 милијарди евра одвои само 1,5 милиони евра што е минимален процент од вкупниот буџет за да се решава проблем каков што е загадувањето на воздухот и од кој според официјални истражувања секоја година умираат стотици македонски граѓани.

Попусти се обидите Владата да прикаже стратешка определба за броба против загадувањето кога тоа не го поткрепува финансиски и очекува пари за оваа намена да бидат обезбедени од надворешни донатори.

Во Владата добро знаат дека македонските граѓани и компании се тие што го полнат буџетот, во кој вообичаено има пари за се и сешто како што е покачување на платите во администрацијата, реализација на бесполезни програми кои немаат никаков ефект и што уште не.

Се чини дека во буџетот единствено нема доволно пари за решавање на вистинските проблеми каков што е загадувањето на воздухот.

Владата тоа го покажа и со ребалансот со кој наместо да одвои пари за оваа намена таа реши да ги покрива долговоите на општините, кои сами ги направиле од недомаќинско работење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Деветти подвиг на младиот Марко летово: Ја преплива релацијата Градиште – Трпејца – Охрид

Редакција

(Фото) Обновен летот Белград-Охрид

Редакција

СЗО: Кинеските вакцини се безбедни

Редакција